Компанијата Xiaomi денеска претстави два нови уреди: паметен телефон со среден опсег Redmi 6 Pro и Mi Pad 4 – првиот таблет со процесор Snapdragon 660.
Според спецификациите кои станаа достапни, Redmi 6 Pro има 5,84 инчен дисплеј со 19:9 и резолуција FHD +, Snapdragon 625 процесор со фреквенција од 2.0 GHz и модификација со 3 или 4 GB меморија. Задната камера доби два сензори: 12 мегапиксели и 5 мегапиксели, предната доби модул со 5 мегапиксели. Redmi 6 Pro работи на Android 8.1 Oreo, а капацитетот на батеријата е 4000 mAh. Вреди да се спомене дека Redmi 6 Pro доби посебни слотови за две SIM картички и мемориска картичка.
Моделите ќе бидат достапни во пет различни бои – златна и розево-златна, црвена, сина и црна. Цената на послабата верзија (3/32 GB) е 155 долари. Модификација со 4 GB RAM и 32 GB ROM ќе чини 184 долари. Највисоката верзија со 4 GB RAM и 64 GB ROM ќе чини 199 долари.
Mi Pad 4 е името на таблет компјутерот кој е од средната класа и има одлична цена од 170 до 230 долари, зависно од изборот на неколку можни варијанти на меморија и LTE поврзување.
Доаѓа со 8 инчен екран со резолуција од 1.920 x 1.200 пиксели, работи на Snapdragon 660 и има избор од 3 и 4 GB RAM, како и простор за податоци од 32 GB. Цената од 170 долари се зголемува за 46 за верзијата со 4 GB RAM, а за уште 15 долари се добива и LTE конекција.
Mi Pad 4 доаѓа и со стерео звучници, задна камера со 13 мегапиксели, како и предна со 5. Батеријата е со капацитет од одлични 6.000 mAh, па со оглед на чипот од средната класа, како и екран со резолуција не поголема од Full HD, може да се очекуваат доста часови на работа без потреба од полнење.