Роверот на NASA, Curiosity направи неверојатен селфи на Марс и покрај тоа што е изложен на силна бура од прашина на Црвената планета.
Роверот направи фотографија само неколку моменти откако бурата ја зафати околината на кратерот Гејл. Фотографијата потоа е процесуирана и испратена до NASA и научуникот Шон Доран.
Бурата која трае на Марс е една од најголемите прашински бури забележани на површината на Црвената планета. Научниците на NASA ја посматраа првата фаза на бурата и наведоа дека би можела да ја зафати целата планета. Селфи фотографијата на Curiosity ја прикажува дебелата прекривка од прашина која го блокира небото, како и дека му се приближува на роверот од позадина.
Роверот беше приморан на 14. јуни да ги изгасне своите системи за да ја преживее бурата, бидејќи прашината го прекри неговиот соларен панел кој ја собира енергијата. Оттогаш прашината го блокираше погледот на површината на Марс од орбитата.
Curiosity слета на Марс во август 2012 година, а од Земјата беше лансиран во 2011. Тој собира примероци од карпи во кратерот Гејл и бара знаци за некогашен биолошки живот. Кога ќе ја изврши таа мисија, ќе проба да се искачи на планината Аеолис Монс висока 5.500 метри.