Фобијата од игли е еден од најчестите стравови кај децата кои примаат вакцини и се почесто изложени на игли низ нивното детство.
Многу често овој тип на фобија знае да нанесе анксиозност и болка, со што многу родители знаат често да одложат закажени посети кај докторот.
Педијатар дојде до иновативно решение за да им го одземе вниманието на децата, од нивниот страв, анксиозност и болка, користејќи сет за виртуелна реалност.
Доктор Чад Рудник е првиот педијатар кој почна да ја користи оваа техника, тој ја доби идејата од 8 годишен пациент кој дошол кај него на преглед носејќи сет за виртуелна реалност. Додека тој требало да му стави инјекција детето го носело сетот на својата глава. Детето не се ни помрднало за време на боцкањето со што тој бил изненаден заради тоа што во минатото истото дете плачело и бегало од иглите.
Претходни истражувања докажаа дека луѓето имаат лимитиран капацитет на внимание така што ако се сконцентрирани на нешто друго додека чуствуваат болка, болката технички се намалува.
Заедно со двајца негови колеги докторот направи истражување во кое што кај деца од 6 до 17 години времетраењето на добивање на вакцина додека пациентот користи хедсет за виртуелна реалност успеал да го намали од неколку минути на 30 секунди. Исто така анксиозноста и болката кај децата скоро и да не постоела.
За истражувањето Рудник користел 3Д виртуелна реалност кој вклучувала возење на ролекостер, возење на хеликоптер или на летачки балон. Стравот и болката кај децата била намалена за 94.1 процент при користењена сет за виртуелна реалност кој чини само 50 долари.
Доктор Рудник очекува сетови за виртуелна реалност да станат честа технологија кај сите педиатри со што ќе се зголеми ефикасноста во давањето вакцини како што и ќе се намалат траумите кај малите деца.
Поврзани артикли