Пред неколку дена Xiaomi претстави еден од своите нови производи, кои дефинитивно ќе им се допадне на сопствениците на кучиња. Станува збор за „Xiaomi Smart Pet Dog Locator“. Тоа не е само ремен, туку еден вид „додаток“ со GPS модул за пренос на информации за локациите на кучето. Може да се прицврсти на кој било друг ремен. Уредот чини околу 30 долари.
Покрај неговата главна задача – следење на својот миленик, тракерот може да врши неколку функции. Преку мобилна апликација корисникот може да го следи движењето на кучето во рамките на целиот ден, количеството на потрошените калории и поминатото растојание.
Во развојот на уредот, како што се тврди, програмерите ги проучиле детално физиолошките карактеристики на над 200 раси кучиња. Благодарение на тоа. смарт алгоритните се способни да ги предвидат можните правци на движење на кучето. Значи, ако кучето е изгубено, сопственикот може да испрати сигнал за проблем. Откако ќе се испрати сигналот, на екранот на уредот се појавува QR-код со контакти на сопственикот.
Меѓу другите карактеристики треба да се спомене сината LED светилка која е идеална при ноќни прошетки, куќиште отпорно на вода и батерија која овозможува до 30 дена работа без полнење. Димензиите на уредот се 5,04 × 4,6 × 1,83 cm, а тежината – 26 грама. Што се однесува до решенијата за боја, корисникот може да избере помеѓу сребрено-белa и графитно црнa.
Поврзани артикли