Apple автоматски ќе ја сподели со американските власти локацијата на американските корисници, при бирање на итен телефон 911, објави CNBC.
Новата функционалност ќе биде дел од iOS 12 – идната надградба на софтверот за iPhone и iPad, откако ќе помага на итните тимови да ја најдат брзо локацијата на оние во потреба.
Оваа функција ќе работи само во САД.
Во 2015 година, Apple го издаде Hybridized Emergency Location (HELO) што дозволуваше потврдување на локацијата на оние кои ѕвонеле на 911 на база на неговата точка на пристап кон мрежата – како Wi-Fi мрежа и сл.
Новото ажурирање ќе користи технологија наречена RapidSOS.
Apple вели дека информациите за локацијата на корисниците нема да може да се користи за секој случај, кој не е итен, откако само операторите во центарот на итни случаи број 911 ќе имаат пристап до овие податоци.
Поврзани артикли