Интернет прелистувачот на Google, Chrome е во состојба да ја забави работата на компјутерот, дури и ако станува збор за прилично современа конфигурација. Ако отворите премногу табови на Chrome, лесно може да ви се случи да ви ја изеде целата работна меморија и да не остави доволно за другите потреби.
И различните екстензии и додатоци на популарниот прегледник исто така можат прекумерно да ја оптоварат работата на процесорот. Дали тоа ви се случува, можете да проверите ако фрлите поглед на процесите на вашиот компјутер.
Кај PC компјутерите со Windows оперативен систем потребно е да се отвори Task manager, а на Mac треба да се погледне Acitivity Monitor.
Ако востановите дека Chrome ги “молзе” ресурсите на вашиот компјутер, можете да проверите кои табови и екстензии се проблематични. Кликнете на tab CPU при врвот и ќе видите приказ од најголемите до најмалите потрошувачи.
Тука можете да запрете или да затворите било кој неискористен таб во Chrome кој премногу ја оптоварува работата на процесорот на вашиот компјутер, така што ќе кликнете End Task при дното на Chrome Task Manager.
Истото се однесува и на екстензиите, но пред да почнете да ги гасите, проверете кои не ги користите, па потоа исклучете ги или изгасете ги.
За да проверите што сте направиле, отворете ги поставките во Chrome, потоа More Tools, па Extensions.