LEGO влезе во Гинисовата книга на рекорди благодарение на расцветаното дрво со цреши, изработено во природна големина од минијатурни лего коцки. Со оглед на тоа дека цветот од цреша е симбол на новиот живот на Истокот, ова дрво е склопено и поставено во леголенд во Нагоја во сезоната на „Ханами“, традиционален обичај за жуивање во цветот на црешата.
За изработка на дрвото, ЛEGO искористиле 881.470 коцки, а за склопување на дрвото биле потребни повеќе од 6.500 часови. Ова величествено дрво е високо околу 4 метри, направено е од зелена основа, големи гранки, крошни со цветови и украсено е со лампиони кои го осветлуваат ноќе.
Поврзани артикли