Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN) го покрена процесот на унапредување на најголемиот светски судирач на честички за во иднина да може да добие десет пати повеќе податоци од експериментите.
Вградувањето на најсовремените магнети во Големиот судирач на честички ќе овозможи да се врши поголем број на судири на многу малите честички.
CERN наведува дека ова унапредување ќе резултира со собирање на поголема количина податоци од 2026. година.
Научниците велат дека апаратот, сместен во истражувачкиот центар кај Женева, работи добро откога беше активиран во 2010. година.
CERN соопшти дека буџетот за технички унапредувања изнесува 950 милиони долари.
Најпознатиот резултат на истражувањето со помош на овој судирач на честички е потврда за постоењето на субатомскиот Хигсов бозон пред шест години, потсетува AP.