Компанијата Tesla пред два дена го произведе првиот примерок на Model 3 со два мотори.
Директорот на компанијата, Елон Маск, истакна дека потполно нова производна линија е создадена за само три недели, а посебно е горд поради тоа што тоа е направено со минимални ресурси.
„Првата единица на Model 3 со двоен мотор сега е официјално завршена“, напиша Маск со фотографија од тој настан.
Во прашање е црвен спортски електричен седан со бел ентериер.
Amazing work by Tesla team. Built entire new general assembly line in 3 weeks w minimal resources. Love u guys so much! Pic of 1st Model 3 dual motor performance coming off the line … pic.twitter.com/Xr55P3fmGd
— Elon Musk (@elonmusk) June 16, 2018
Model 3 со два мотори е посилна верзија од овој основен модел на Tesla, од 0 до 100 километри на час забрзува за 3,5 секунди, а максималната брзина му изнесува 250 километри на час, со 500 километри автономија во возењето.
„Model 3 ќе го победи секој конкурент од оваа класа на трка“, тврди Маск.
Производството на првиот примерок на Model 3 со двоен мотор, во фабриката во Фримонт, е знак дека Tesla го зголеми производниот капацитет на основната верзија на овој автомобил на речиси 5.000 единици неделно, што и беше примарната цел на Елон Маск.
Извор: B92.net
Поврзани артикли