Asus тивко го претстави ZenFone Ares телефонот во Тајван, а уредот го карактеризира AR (Augmented Reality) и VR (Virtual Reality) имплементаија, со спецификации речиси идентични на минатогодишниот ZenFone AR модел.
Asus ZenFone Ares има 5,7-инчен Super AMOLED панел, со 16:9 однос на страници и QHD резолуција (2560 x 1440p). Дисплејот го карактеризира Tru2life технологија за подобра видливост на дневна светлина.
Телефонот го покренува Snapdragon 821 чипсет, спарен со 8GB RAM и 128GB UFS 2.0 проширлив простор за складирање. Хардверот е компатибилен со Google ARCorе технологијата.
На задната страна се наоѓа 23MP сензор со PixelMaster 3.0 објектив, додека предната камера има сензор од 8 мегапиксели. Телефонот го користи Android Nougat оперативниот систем, додека батеријата капацитет 3300mAh со Quick Charge 3.0 поддршка.