Ако сте во паника дека можеби ќе пропуштите некој битен натпревар на Светското првенство во фудбал кое се одржува во Русија, најновиот потег на Twitter сигурно ќе ве воодушеви.
Социјалната мрежа лансираше посебна страница посветена на Мундијалот во Русија за да им помогне на сите фудбалски фанови да бидат во тек со секој шут на гол, одбрана или погодок.
Новата страница се наоѓа на врвот на timeline, а можете да ги следите сите важни вести и во пребарувањето или со помош на Explore опцијата.
Новата функција е веќе достапна за сите сопственици на Android и iOS уредите.