„Google Translate“ е една од најдобрите услуги за преведување и е особено корисна кога патувате во странство. Компанијата, исто така, нуди офлајн режим, кога немате пристап до интернет.
Се разбира, преводот не е прецизен како при он-лајн користењето на алгоритми, но се доволно добри да го разберат значењето на зборовите и речениците. „Google“ користи невронски мрежи и постојано ја подобрува способноста на „Translate“ при офлајн употреба, пишува „ТекКранч“.
Најновото ажурирање на компанијата обезбедува поддршка за системот за преведување на невронски машини (НМТ) за 59 јазици (вклучувајќи го и македонскиот), кој може да се користи без интернет пристап. Дистрибуцијата на ажурирањето веќе започна и ќе биде достапна за сите корисници во рок од неколку недели. Досега офлајн преводот на овие јазици беше речиси невозможна задача која траеше многу време, а честопати се појавуваа грешки при преведување на одредени фрази.
Компанијата тврди дека треба да преземете датотека со големина од само 30-40MБ. Ова е прилично прифатлива вредност, имајќи предвид дека покрива 59 јазици, како и вградената меморија што ја нудат модерните паметни телефони. Се чини дека „Google“ сака да нѐ натера почесто да го користиме „Translate“ при патување.
Албански, арапски, белоруски, бенгалски, бугарски, каталонски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, есперанто, естонски, филипински, фински, француски, грузиски, ирски, португалски, романски и шведски се само дел од јазиците што добија офлјан поддршка.