Судејќи според се, Google конечно ќе овозможи toggle копче за темна тема. Ова сугерира дека Pixel и Pixel 2 телефоните наскоро ќе имаат рачен прекинувач за менување од светла во темна тема.
Според наводите од Google Issue Tracker темата, која е креирана во март кога се појави првиот Android P preview, Google планира да додаде подесување во Settings>Display>Device Theme, кое ќе овозможи префрлување на темна тема. Промената ќе го замени моментното менување на темната тема, кое се активира само кога како почетен екран ќе поставите доволно темна позадина.
Оние кои ќе посакаат посветла позадина и затемнета област за брзи подесувања, преку новиот toggle на Google ќе ја имаат и оваа опција. Функцијата се очекува во следниот Android build, но не е одредено кога точно ќе пристигне.
Поврзани артикли