Група научници од Универзитетот Јејл го идентификуваа делот од мозoкот кој е задолжен
за духовно искуство, чувство за поврзаност со нешто поголемо од самиот себеси.

Активноста во приеталниот кортекс, делот од мозокот задолжен за свеста за постоењето на
себеси и другите, како и процесирање на внимание, е заеднички елемент кај личностите
кои имале некој тип на духовно искуство.

“Разбирајќи ги неуролошките основи на духовните искуств,а можат да ни помогнат
подобро да ги разбереме нивните улоги во спречување како и лекување на психолошки
болести и зависност,” кажа Марк Протенца, професор по психијатрија и неврологија во
Јејл.

Истражувањето беше направено врз 27 студенти кои првично беа интервјуирани за
нивните духовни искуства. Подоцна на доброволците им биле пуштени да ги слушаат
снимките од нивните првични интервјуа додека научниците континуирано ги скенирале со
MRI.

Додека личните искуства биле различни, истражувачите забележале слична шема на
активност во приеталниот кортекс,m додека испитаниците пробале да ги замислат
искуствата во снимките.

Овој метод се очекува во иднина да им помогне на научниците да можат подобро да го
истражуваат влијанието на духовното искуство врз психолошкото здравје.