Solar-Breeze е уред кој е вистинска иновација во начинот на чистење на базени, пишува Ifixit.
Во базените секојдневно се собираат лисје, прашина, полен и други отпадоци. Отпадоците најчесто лебдат 3-4 часа пред да почнат да се распаѓаат и да потонат на дното. Дотогаш испуштиле бактерии кои го потикнуваат растот на алги во базенот.
Со помош на напредна роботика, Solar-Breeze се двиши на површината на базенот и ја отстранува нечистотијата пред таа да добие шанса да произведе бактерии и да потоне.
Роботот Solar-Breeze не троши електрична енергија, односно работи со помош на соларна енергија. Роботот континуирано ја чисти површината на базенот во текот на целиот ден. Истовремено, складира енергија во литиум-јонска батерија, која може да се полни, па може да работи и ноќе.
Поврзани артикли