LG официјално ги објави плановите за влез во пазарот на 4K проектори во првите денови од годината. Корејскиот производител ги демонстрира можностите на својот прв ваков модел на изложбата CES 2018 во Лас Вегас. Предметниот модел се нарекува LG HU80KA и покрај компактните димензии е во состојба да реплицира еквивалент на 150-инчен екран при осветленост од 2.500 лумени. Компанијата потврди дека уредот ќе биде достапен во рок од неколку дена.
Потрошувачите кои се заинтересирани да имаат сличен проектор ќе мора да трошат 3.000 долари, сподели „TechSpot“. Поддршката за 4K резолуција не е единствената предност на LG HU80KA, бидејќи нуди и импресивен аудио квалитет и располага со два вградени звучници со моќност од 7 вати. Новиот проектор работи под webOS и обезбедува пристап до сите ваши омилени платформи за стриминг.
Опциите за поврзување вклучуваат стандардна HDMI порта и Bluetooth конекција. Проекторот е базиран на технологијата Smart TV и поддржува HDR10 видео. Според податоците на LG вградените диоди можат да се користат во текот на повеќе од 20.000 часа, што значи околу седум години постојано гледање, ако го користите осум часа дневно. Ако ја намалите оваа вредност на околу два часа, нема да морате да ги менувате диодите најмалку 28 години.