Компанијата Sony, судејќи според се, наскоро се подготвува да го објави новиот паметен телефон Xperia XZ3.
Sony веќе од порано најави дека се префрла на шестмесечен циклус на објава на телефони. Така, претходниот XZ2 модел беше најавен во текот на MWC конференцијата во февруари.
Сега се појави листа со наводни спецификации на Xperia XZ3 телефонот.
Листата, доколку е точна, сугерира уред кој има ист панел на екранот како XZ2, но телефонот е потенок, полесен, пристигнува со повеќе RAM и ќе има две камери на задната страна.
"Sony Xperia XZ3 Full Specifications Leaked; Will Borrow Dual Cameras from Xperia XZ2 Premium"
Sony had launched the Xperia XZ2 smartphone fueled by the Snapdragon 845 chipset at the Mobile World Congress (MWC) 2018 event in February #sony #xperia #XperiaXZ3 pic.twitter.com/8okTvbMnhO
— GEEKY EXPRESS (@GeekyExpress) June 7, 2018
Xperia XZ2 имаше една камера со 19 MP сензор и f/2.0 отвор на блендата, а потенцијалниот XZ3 е наведен како модел со две камери: истиот 19 MP сензор, но со f/1.8 отвор + 12 MP секундарен сензор со f/1.6 отвор на блендата. Предната камера исто така добива надградба, на 13 MP.
Останатите подобрени карактеристики на Sony Xperia XZ3, кои ги споменува листата, вклучуваат 64 GB RAM, како и нешто поголем капацитет на батеријата (3240mAh).
Повеќе детали би требало да бидат познати во текот на IFA саемот во Берлин, кој почнува на 31. август.