Користењето на автономни дронови за набљудување и на дзор сеуште прави луѓето да не се чуствуваат сигурно, но сепак тоа не го спречува развивањето на нови технологии во оваа област.
Тим од научници успеа да развие експериментален систем од автономни дронови кои користат вештачка интелегенција која може да препознае ако се случува некој тип на насилство во големи групи на луѓе.
Научниците вештачката интелегенција успешно ја обучија да може да препознава различни типови на насилство како што е користење на тупаници, клоцање, огнено оружје, убод од нож и слично.
Кога некој насилен акт ќе биде фатен на една од неколкуте напредни камери на дронот системот веднаш го ја обележува локацијата и продолжува по детално да ја анализира ситуацијата. Вештачката интелегенција во комбинација со неколку веќе постоечки софтвери подоцна можи да ги препознае лицата на учесниците во инцидентот со што послето лесно ќе може да ги следи каде се движат и кријат. Исто така системот кога ќе забележи дека некој е повреден автоматски ги контактира надлежните служби.
До сега вештачката интелегенција има прецизност од 94%, но тој процент ќе се зголеми како машината ќе станува се по искусна.
Главниот проблем со кој што се соочува оваа технологија не е од технички карактер туку од етички. Многу луѓе стравуваат за злоупотреба на технологијата особено како што во денешно време системите за препознавање на лица се достапни и во приватниот сектор.
Исто така многу влади можат да го злоупотребат овој систем особено кога би го синхронизирале заедно со други веќе постоечки технологии за масовно набљудување.