Авиокомпанијата “Emirates Airline” претстави нов апартман во својот најнов авион, а главната новост е тоа што авионот нема прозорци. Со цел патниците да гледаат што се случува надвор, на местата предвидени за прозорци ќе се проектираат фотографии кои ќе ги бележат камери, пренесува BBC.
По тој повод, авиокомпанијата истакнала дека со воведување на ваквите новитети се отвора пат за отстранување на сите прозорци од идните авиони, со цел леталата да се направат полесни и побрзи.
Виртуелните прозорци се наоѓаат во кабината на првата класа од авионот Боинг 777-300ЕР, најнов во флотата на “Emirates Airline”.
Претседателот на компанијата сер Тим Кларк изјавил дека фотографиите се толку добри што изгледаат подобро од реалноста, како и дека конечната цел на авионите на иднината е да не постојат прозорци.
Како што објасни, авионите без прозорци би биле полесни и побрзи, а можат да летаат повеќе и да трошат помалку гориво.
Иако претседателот на оваа арапска авиокомпанија ја истакнува низата предности на авионите без прозорци, експертите за безбедност во авијацијата наведуваат дека кабинскиот екипаж мора да биде во можност да види што се случува надвор од леталото, посебно доколку постои итен случај и е неопходна итна евакуација.
Од друга страна, претставник на Европската агенција за безбедност во воздухопловството навел дека не гледа никаков конкретен предизвик кој не би можел да се надмине со цел да се осигура истиот степен на безбедност како и кај леталата кои имаат прозорци.
Професорот Грејем Брејтвејт од универзитетот Кранфилд истакнал дека главната препрека може да биде перцепцијата на патниците за технологијата.
“Авионот би можел да биде многу клаустофобичен за бројни патници, а за многумина патувањето со авион е веќе доволно вознемирувачко”.
Извор: Telegraf.rs
Поврзани артикли