Се чини дека Audi не може да биде задоволен со Q7 како лидер на нивниот избор на луксузни, „оф-роуд“ автомобили. Така на бел свет излегува Audi Q8. Позициониран над Q7, новиот модел на германскиот концерн е најудобен за патувања. Па така, Audi сега ќе ги вкрсти мечевите со Порше и Бентли во овој сегмент.
Новиот Q8 е поширок, но понизок и пократок од Q7. Во исто време неговото растојание меѓу оските е речиси три метри. Ова обезбедува максимална удобност за патниците со седиште на сите пет места. Седиштата ги имаат сите заводливи опции, како што е масажа. Сепак, не се врти сè околу удобноста. Волуменот на багажникот е 655 литри, а ако ги пуштите задните седишта, ќе имате 1.755 литри простор.
Однадвор, има агресивен изглед поради неговата ниска кабина заедно со големи, 22-инчни тркала. Предната решетка е проширена, а освен неа, маската, спојлерот и дифузерите имаат боја, спротивна од онаа на каросеријата.
Новиот Q8 се напојува со модерен хибриден систем. Тајната лежи во технологијата за регенерација на енергија. Преку кочењето, можат да бидат вратени до 12 киловати моќност.
Погонот на четири тркала е стандарден за моделот. Постои воздушна суспензија, при што висината на возилото може да се прилагоди за речиси девет сантиметри. Постои можност за вртење и на задните тркала до пет степени.
Во внатрешноста го наоѓаме новиот инфозабавен систем на Audi со два екрана на допир. Нивните димензии се 10,1 и 8,6 инчи, соодветно, на горниот и долниот екран. За максимална удобност, се обезбедува четиризонски систем за контрола на климата.
Со нетрпение го очекуваме Audi Q8 на европскиот пазар во третиот квартал од оваа година. САД ќе го видат моделот во последниот квартал од 2018 година.