Социјалната мрежа Instagram размислува за укинување на ограничувањето на актуелната должина на видеото кое нејзините корисници можат да го објават.
The Wall Street Journal пишува за воведување на нови можности за корисниците, кое се однесува на објавување на долготрајни видео клипови со должина до еден час. Тоа би овозможило нова креативна флексибилност за корисниците, а Instagram значително би му се доближил на YouTube и Facebook.
Новата можност ќе биде фокусирана на “вертикално видео”. Instagram Stories веќе се дизајнирани во висок, вертикален видеоформат, а во извештајот не се наведува дали подолгите снимки ќе бидат дозволени само во тој сегмент на апликацијата или ќе бидат овозможени и во главниот фид. Засега Instagram Stories се ограничени на должина од 15 секунди, а видеата во главниот фид се ограничени на 60 секунди.
Stories го користат повеќе од 300 милиони дневни активни корисници од минатиот ноември, додека социјалната мрежа има повеќе од 800 милиони корисници.