Покрај акциите за возила, брендот Peugeot секогаш посветува внимание и на постпродажниот процес, кој е од големо значење за клиентите. Комуникацијата со клиентите и следењето на историјата на нивниот автомобил е основата на работењето на сервисните центри на „Еуроимпекс“. Грижата за својот автомобил го прави секој сопственик одговорен кон својата инвестиција, а брендот Peugeot е присутен во секоја точка на одржувањето.
Токму затоа Peugeot со новата сервисна акција ве советува: „Препуштете се на максимално уживање во текот на возењето при жешките летни денови. Проверете и дополнете ги навреме клима-уредите во вашите возила по специјална цена од 1.300 денари во текот на акцијата која вклучува:
– визуелна контрола на ременот на компресорот на клима-уредот,
– контрола на црева и цевки,
– контрола на ладилникот на клима-уредот,
– контрола на работењето на квачилото на компресорот на клима-уредот (во зависност од опремата).
– тест на притисокот на разладниот флуид.
– контрола на температурата на воздухот во кабината.
– проверка на нивото на течности.
+ 10 % попуст на сите зафати и делови.
Дочекајте го летото сигурни дека температурата во вашето возило ќе биде идеално приспособено според вашите потреби.
Овластените сервисни центри на „Еуроимпекс“ ве очекуваат.