Пред годинашниот Computex, компанијата MSI претстави серија производи кои се очекуваат во наредниот период, а кои ќе бидат најавени во текот на конференцијата во Тајван.
Меѓу нив е и GS65 Stealth Thin, кој го максимизира прегледот на содржини во текот на гејмингот со помош на 4,9 мм ултра-тенката рамка околу екранот и 92 проценти screen-to-body однос. Покрај тоа, дисплејот на лаптопот донесува јасна и живописна слика со 144 Hz освежување и 7 ms одзив на IPS дисплејот.
Лаптопот го карактеризира способен хардвер со Core i7 процесор, GTX 1070 графичка картичка, DDR4 2400 меморија, што ја донесува потребната сила за гејминг, со работен век на батеријата од преку осум часа. Тука е и Killer DoubleShot Pro мрежата, RGB поддршка и Dragon Center 2.0.
Лаптопот ќе биде прикажан во текот на Computex 2018, кој се одржува од 5. до 9. јуни во Тајван.