Американскиот технолошки концерн Microsoft изјави дека неговите експерти работат да дознаат како мозочните импланти може да ја прошират човековата интелигенција – еден од многуте начини на кои компанијата се обидува да ја направи технологијата подостапна за луѓе со бројни здравствени проблеми, пренесува CNBC.
Ова е тема, за која извршниот директор Сатја Надела дефинитивно сакаше да разговара на осмиот настан на Microsoft – Ability Summit во Редмонд, Вашингтон.
„Во мојот случај, пристапноста, технологиите за пристапност и универзалниот дизајн ми даде многу подлабоко чувство на значење надвор од она што јас го правам“, рече Надела.
Истражувањето кое Microsoft го започна во 1991 година останува клучен дел од фокусот на компанијата, иако за некои проекти ќе треба многу време да генерираат значајни приходи. Од јуни, 32% од сите 124.000 вработени на Microsoft работеа на истражување и развој на производи.
Надела го коментираше овој тип на технологии како пример за тоа како Microsoft може да им даде нови сили на различни групи на луѓе.
Тој посочи на Seeing AI, апликација на Microsoft, која може да им помогне на луѓето со оштетен вид да разберат што има пред нив.
Тој, исто така, коментираше дека компанијата работи на асистент за лица со тешки невролошки заболувања, во кои пациентите можат да комуницираат само со движење на очите.
Извор: Стандард / CNBC