Мажите кои седат пред телевизор по четири часа дневно, значајно го зголемуваат својот ризик од развој на рак на цревата, заклучиле истражувачите од Универзитетот Оксфорд. Тие следеле 500.000 Британци за време на шест години и пронашле голема поврзаност меѓу седечкиот начин на живот и ракот на цревата.
Но посебен ризик е откриен меѓу мажите и тоа особено кај оние кои многу гледаат телевизија. Интересно, но кај жените тој ризик бил само 11 проценти. Она што ги зачудило истражувачите е сознанието дека тоа нема никаква врска со седењето пред компјутер.