Поголемиот дел од нас користат компјутери на работа по осум или повеќе часа во денот, а кога ги носиме дома стануваат наш примарен уред. Понекогаш ги користиме и почесто од сопствените.
Поради тоа постојат работи кои треба да избегнувате да ги правите на службените компјутери.
Чување лозинки
Според друштвото за управување со човекови ресурси, многу компании имаат клаузула во врска со компјутерите и политиката за користење на интернет, со што се чуваат личните лозинки.
Како што тврдат експерти, мејловите и останатата електронска комуникација која ја пренесуваат, опрема, системи и мрежа, не се приватни или доверливи и се сопственост на компанијата.
Поради тоа, компанијата го задржува правото на испитување, следење и регулирање на поштата и останатите видови на комуникација, датотеки и сите други содржини, вклучувајќи го и користењето на интернет.
Чувате лични податоци
Службениот компјутер не е ваша сопственост, туку и припаѓа на компанијата.
Ако нешто и се случи на компанијата или прекинете да работете за неа, стандардна политика е дека веднаш морате да ја напуштите својата канцеларија. Па, веројатно нема да имате време да ги отстраните сите тие податоци. Наместо тоа, подобро е какви било лични податоци да чувате на USB наместо во службениот компјутер.
Поврзување на WiFi во текот на работа на чувствителен материјал
Местата кои нудат бесплатен WiFi како што се кафулињата, аеродромите или хотелите, можат да бидат небезбедни.
“Не отворајте мејл налог, профили на банки или кредитни картички на јавна WiFi мрежа”, вели експертот за измами Френк Абагнал, затоа што хакерите можат да постават лажни мрежи кои изгледаат како вистински, но не се”
Работите на нешто друго додека сте во канцеларија
Многу од нас имаат и втора или трета работа која ја извршуваат како хоби или за да заработат дополнителна сума на пари, но граници сепак би требало да постојат. Се што правите на вашиот компјутер на работа вашиот работодавец може да го забележи на легален начин. Затоа бидете внимателни при користење на уредите на компанијата за приватни цели.
Разменувате пораки од лична природа
Платформите за разговор како Slack, Campfire и Google Hangout стануваат се покорисни за тимска работа. Меѓутоа, пораките се еднакво достапни како пораки во електронска пошта.
Не заборавајте дека треба да бидете многу внимателни што ќе пишувате во овие платформи за разменување на пораки.
Извор: B92.net
Поврзани артикли