SEAT станува официјален автомобилски бренд на националната фудбалска репрезентација на Шпанија и еден од главните спонзори за време на Светското првенство во Русија, кое започнува на 14 јуни, како и на Евро 2020, кое ќе се одржи во 11 земји. Со овој договор, SEAT, кој ја одбележува 68-мата годишнина од своето основање, се обидува да го приближи брендот до навивачите и да ја зголеми својата национална и меѓународна видливост.
Претседателот на SEAT Лука де Мео истакна – „со спонзорирање на шпанскиот национален фудбалски тим, SEAT соработува со победнички тим во време кога компанијата исто така постигнува големи успеси“. Покрај тоа, де Мео додаде – „овој договор се обидува да го поврзе SEAT како бренд на шпанскиот народ и да не обедини во заедничката страст, која е фудбал, најпопуларниот спорт и најдобрата платформа за да се овозможи духот на брендот да се здобие видливост и продолжи да расте во Шпанија, во Европа, како и во целиот свет“.
SEAT го прави своето деби како партнер на шпанскиот национален фудбалски тим на 3 јуни на пријателскиот натпревар закажан против Швајцарија што се одржува во Виљареал. Од тогаш до март 2021, компанијата ќе биде присутна на минимум 15 натпревари што ќе се одржат во Шпанија. Договорот исто така вклучува, меѓу другите, промотивни активности со некои од играчите на Шпанскиот национален тим.
Посветеност кон спортот
Ова ново спонзорство спаѓа во рамките на посветеноста на брендот кон промовирање на вредностите поврзани со спортот, како што се фудбалските натпревари на Кралскиот Куп. Во оваа смисла, генералниот директор на SEAT Шпанија, Микел Паломера, посочи дека „фудбалот и спортот се главна фокусна точка за SEAT. Вредностите како што се желбата да се доминира, напорната работа, тимската работа и издржливоста, претставуваат суштинско значење за спортот и совршено се совпаѓаат со вредностите на компанијата. Со спонзорирање на Шпанскиот национален фудбалски тим, сакаме да бидеме поблиски до луѓето и да покажеме колку сме горди што сме дел од оваа земја“. За таа цел, SEAT вложува напори за да бара нови договори за соработка и спонзорства, особено оние поврзани со спортски натпревари.