Со максимална брзина од околу 800км/ч и цена од над 5 милиони долари, ова е најбрзата и најскапата Honda во историјата.
Секако, се работи за HondaJet, деловен авион што со години важи за една од најдобрите опции во овој сегмент. Сега се претставува во елитно издание што носи важни подобрувања во сите домени.
Покрај тоа што е донекаде намалена потрошувачката, зголемен е и резервоарот за гориво, па новото издание има досег од дури 2.661 километар со едно полнење, односно 396 километри повеќе од досегашниот модел.
Благодарение на модификациите на системот за вшмукување, значително се намалени вибрациите и бучавата во кабината. Тоа значи дека HondaJet е рекордер во сегментите потрошувачка, брзина, досег и висина на лет. Како дополнителна опција сега имате и двобојни кожени навлаки, кујна со апарат за кафе и тоалет.
Со примената на полесни и поцврсти материјали, Honda ја намали масата и исто така го отстрани единствениот реален проблем на овој концепт – свиткувањето на крилата нагоре при силни воздушни струења.
Крилата се така оптимизирани а да може на поголема површина од граничниот слој околу површината на крилата да владее „правилно“ ламинарно струење.
Стаклениот кокпит е развиен во соработка со Garmin.
Извор: Index.hr
Поврзани артикли