Истражувачите од Универзитетот во Њукасл први успеаја да испечатат рожница на 3D печатач. Новата рожница беше отпечатена со користење на човечки матични клетки. Пронаоѓачите создале соодветни биохернили, кои се состојат од стромална клетка (основа на органите од неформираното сврзно ткиво) од рожница на жив донор, алгинати (полисахариди) и колаген. 3D печатачот ја печати рожницата за 10 минути.
„Нашиот уникатен гел е комбинација на алгинат и колаген. Тие го поддржуваат животот нао матичните клетки за време на производството на материјалот. Самиот материјал е доволно цврст за да ја одржи дадената форма и доволно мек за да го остави печатачот да ја изработи непречено“, вели професорот и член на истражувачкиот тим, Че Конон.
Научниците тврдат дека можат да ја испечатат рожницата на која било личност. Пронајдокот ќе биде доставен во болници за трансплантација по неколку испитувања во период од неколку години
Поврзани артикли