HP не сака да заостанува зад конкуренцијата кога е во прашање пазарот на преносните компјутери за гејминг. Како неодамнешните модели на компаниите Asus, Acer, Gigabyte, MSI и Razer, премиум гејминг лаптопот на HP, Omen 15 доби голем број подобрувања. Ова вклучува потенко куќиште, значајно намалена рамка околу екранот и поголема моќ благодарение на GTX 1070 Max-Q графичката картичка.
Omen 15 го има истиот “fighter jet” дизајн како и минатогодишниот модел, со црно-црвено пластично куќиште. HP тврди дека новата верзија на лаптопот е за 7,4 проценти помалку широка, и нешто под пет проценти потенка од претходниот модел.
Меѓутоа, најдраматичната разлика се намалените рамки околу 15,6-инчниот екран на HP Omen 15 лаптопот, кој се за 65 проценти помали од страна и околу 35 проценти пократки од горната страна. Кога самиот дисплеј е во прашање, постојат опции од 1080p и 4K @ 60Hz, како и 1080p @144 Hz. Некои конфигурации ќе ја вклучуваат Nvidia G-SYNC технологијата за подобрен гејмплеј.
HP Omen 15 има почетна цена од 979 долари, за моделот со GTX 1050Ti GPU, додека за купување на најмоќниот модел со GTX 1070 Max-Q GPU и 4K екран ќе бидат потребни 1700 долари.
Поврзани артикли