Камерите на телефоните во минатото беа само тоа – камери. Доколку сакавте да фотографирате, беше потребно да ја насочите камерата кон предметот за фотографирање и да го притиснете копчето и тоа е тоа.
Ова е начинот на кој повеќето камери за смартфони и денеска функционираат, меѓутоа започнуваме да забележуваме се поголем број на компании кои се насочуваат кон имплементација на вештачката интелегенција (AI) со цел да ги направат камерите подобри.
Во овој правец размислува и компанијата Sony, судејќи според објавата на блогот на Sony Mobile. Во неа се вели за камерите на телефонот Sony Xperia XA2 Ultra, кој за прв пат беше објавен на годинaшниот саем CES 2018. Една од главните карактеристики на телефонот е системот со две предни камери.
Кенсуке Машита, сениор менаџер во Sony за технологијата за камери, истакна дека селфи прилагодениот AI би можел да биде на пат во технологијата на камери за идните Sony телефони. Според неговите зборови, компанијата развива следна генерација на камери со корисничко искуство.
Ова нема да биде прв пат Sony да ја користи A“ со цел да ги подобри камерите на своите телефони, но што конкретно идниот AI ќе донесе останува да се види кога идниот телефон на компанијата ќе биде претставен.
Извор: Benchmark.rs