Истакнатиот активист во Обединетите арапски емирати, Ахмед Мансур е осуден на казна затвор од 10 години и парична казна од околу 272.000 долари поради критика на емиратската Влада на социјалните медиуми.
ОАЕ се бизнис и туристички центар и апсолутистичка монархија која слабо ја поднесува јавната критика на владеачкиот систем. Емирати го гонеа Мансур и другите про-демократски активисти за она што би можело да се нарече навреда на челниците на земјата.
Мансур е помеѓу петте активисти осудени за слични обвинанија во 2011. година за време на “арапската пролет”. Овој електротехнички инженер и поет е уапсен во март 2017. година и обвинет е за пропагирање секташтво и омраза. Судот, според медиумите, го ослободи од терористички обвиненија.
Групите за заштита на правата ги повикаа властите да го ослободат Мансур, нарекувајќи го неговиот притвор кршење на слободата на изразување и мислење.