Кога зборуваме за автономните возила, најчесто мислиме на автомобилите и камионите. Но, во AB Dynamics овој поим го проширија и на моторите.
Го земаа BMW C1, го опремија со многу сензори и AB софтверот за автономни возила и го пуштија во сообраќај. Да бидеме попреџизни, на затворени пат наменет за тестирање. Во сите тестирања нивниот автономен BMW C1 ја одработи беспрекорно својата работа.
Во AB Dynamics се уверени дека нивниот софтвер и целиот систем на сензори кои било кој мотор го претвораат во автономен, ќе биде од голема помош во тестирањето на автономни автомобили и други возила. Имено, за да можат возилата да се снајдат во комплексните сценарија кои можат да се случат на патот, во целата равенка треба да се сместат и мотоциклистите. Автономниот мотор, за кој не е потребен возач, би го олеснил изведувањето на таквите сцанарија.
Тоа не значи дека љубителите на моторите во иднина уживањето во возењето ќе го препуштат на самиот мотор, туку дека инженерите кои работат на развојот на автономни возила полесно ќе ги предвидат сите ситуации во кои би можело да се најде некое автономно возило. Па и оние во кои мотоциклистите ја искористуваат внимателноста на автономното возило.
Како изгледа едно такво тестирање, погледнете во видеото:
Поврзани артикли