Facebook еден месец ќе биде забранет на Папуа Нова Гвинеја, додека властите не ги идентификуваат сопствениците на лажни профили и не го разгледаат влијанието на таа социјална мрежа врз општеството.
Министерот за комуникации, Сем Бејзил рече дека ќе ги пронајде оние што шират порнографија и лажни информации.
Покрај тоа, тој укажа на можноста за формирање национална социјална мрежа.
Facebook се најде под надзор по скандалот со Кембриџ аналитика и начинот на кој се обиде да го спречи ширењето говор на омраза и лажни вести.
Иако само десетина проценти жители на Папуа Нова Гвинеја имаат пристап до интернет, државата интензивно работи на регулирање на Интернет услугите.
Поврзани артикли