Џеф Безос, американскиот технолошки претприемач, инвеститор и директор на Amazon, на конференцијата за развој на вселената во Лос Анџелес претстави некои големи планови за Месечината. Тој истакна дека природниот сателит на Земјата би можел да стане платформа за градење на вселенската индустрија.
Најави и соработка со НАСА, ЕСА и компанијата Blue Origin, која се занимава со намалување на трошоците на леталата и истражување на соларните системи.
Безос ја претстави идејата за Месечината да биде центар на тешката индустрија, сметајќи дека на тој начин ќе се помогне при одржување на сите потребни ресурси на Земјата.
„Во не многу далечна иднина, зборувам за децении, околу сто години, во вселената ќе биде многу полесно да правиме некои работи кои сега веќе ги правиме на Земјата, бидејќи имаме многу енергија на располагање. Ќе мораме да ја напуштиме оваа планета и ќе ја подобриме кога ќе ја напуштиме“, изјави Безос.
Безос веќе предложи приватно јавно партнерство помеѓу Blue Origin и НАСА, за да се тестираат можностите за живот на Месечината.
Се уште не е потврдено кога ќе се започне со реализација на неговите идеи, но Безос изрази надеж дека кога ќе дојде време за тоа, Месечината и индустријата на Месечината ќе им биде достапна на сите и ќе биде привилегија која земјата ќе ја користи за заедничка работа во „лунарното село“, како и за комбинирање на силите наместо меѓусебен натпревар.
Извор: Klix.ba