Група астрономи, предводена од јапонскиот научник Такуја Хашимото, откриле траги од кислород во галаксија, која се наоѓа на 13,5 милијарди светлосни години од Земјата. Научниците тврдат дека ова неочекувано откритие значително ги проширува границите на универзумот, што го истражуваме.
Научниците се убедени дека во моментов тоа е најоддалечениот вселенски простор во кој е можно да се детектира кислород или траги од него. Покрај тоа, стана јасно дека тој најверојатно се појавил таму само 500 години по „Големата експлозија“.
Се претпоставува дека ова откритие ќе помогне да се добијат повеќе информации за почетната фаза на формирањето на универзумот