Adidas направи дрес за Манчестер Јунајтед од рециклирана пластика

Adidas заедно со организацијата за заштита на океаните Parley Ocean Plastic, создаде дрес за Манчестер Јунајтед од рециклирана пластика која е собрана од океанот. Како инспирација за ова послужи дресот што тимот го носеше кога го освои Европскиот куп во 1968 година, а целта е одбележување на 50-годишнината од настанот, пренесува Inhabitat.

„Сите сме свесни за заканата од пластика за животната средина и среќни што можеме да придонесеме кон подигање на свеста преку производство на дресови од рециклирана пластика кои ќе им се допаднат и на обожавателите на клубот.“, изјавиле од Adidas Parley.

На овој начин од компаниите го потенцираат проблемот со пластиката во океаните и ги поттикнуваат и инспирираат навивачите на фудбалот да се придружат во создавањето на подобра животна средина за сите . Играчите за првпат ќе ги облечат дресовите за време на летната турнеја на Манчестер Јунајтед во САД.

Ова не е прв пат Adidas и Parley Ocean Plastic да соработуваат; тие исто така имаат произведено и патики и друга спортска опрема од рециклирана пластика собрана од океаните.