Истражувачите на Avast Threat Labsa тврдат дека повеќе од 100 различни Android уреди се заразени со вирус
Евтините телефони што ги креираат ZTE, Archos и myPhone доаѓаат со веќе инсталиран малвер, а сомнежот е дека се погодени корисници од преку 90 земји.
Судејќи според експертите, оваа верзија на adware е активна веќе со години и се вика Cosiloon.
Поради тоа што е лоцирана во firmware-от на телефонот, многу е тешко да се отстрани, а Avast го воочи присуството на овој вирус на преку 18.000 телефони.
Cosiloon со текот на годините еволуираше и е надградуван воглавно со користење на истите методи, додека речиси сите погодени уреди се без Google сертификат,
Ако поседувате некој од овие телефони, постои голема шанса да е заразен.