Essential ги откажа плановите за развој на својот втор смартфон, а размислуваат и за продажба на комплетната компанија.
Деталите се уште не се познати, но би можело да дојде до продажба. Иако Essential има планови за нови производи, од смартфонот Essential Phone 2 нема да биде ништо. Развојот на овој уред е откажан, а инженерите сега работат на паметен куќен уред, што ќе се појави на пазарот следната година. Еден од нив би можел да биде ривал на Amazon Echo, кој е најавен уште пред една година, но оттогаш немаше ни збор за него.
Essential наводно ќе потпише договор со Foxconn кој ќе преземе поголем дел од работата во врска со развојот на смартфонот. Првиот паметен телефон на Essential се најде во продажба во август минатата година, а продадени беа 150.000 примероци.
Сепак, ако дојде до продажба, Essential се надева дека ќе продаде апсолутно се, патенти, хардвер, претстојните проекти, па дури и ќе ги отстапи вработените.