Повеќе од 15.000 луѓе чекаа со часови во ред во Њујорк, како и во уште 25 градови за да купат нов паметен телефон.
Не станува збор за „iPhone“, ниту за уреди на „Samsung“ или „Huawei“, туку за телефонот „OnePlus 6“.
Оваа кинеска компанија во текот на годините стекна голема популарност меѓу корисниците играјќи на познатата кинеска „карта“ – што поквалитетен телефон со што подобри опции, но со пониска цена.
Новиот телефон на оваа компанија не е евтин, но за корисниците кои посакуваат модели и за кои новите „Galaxy“ телефони или „iPhone X“ се скапи, „OnePlus“ се чини идеален избор по цена од 530 долари.
Иако ги нема сите врвни опции кои ги нудат повеќето уреди од премиум класата, како водоопорноста (од компанијата велат дека тој е водоотпорен, но нема сертификат) или бежично полнење, се покажа дека поради тие опции корисниците се подготвени да се откажат за неколку стотини долари пониска цена.
Најважни им се одличните перформанси, „чистиот“ оперативен систем „Android“, камерите со одличен квалитет, а дека станува збор за одличен телефон, тоа го потврдија и бројните досегашни новинарски рецензии во кои повеќето има пофалби за „OnePlus 6“.
Овој паметен телефон инаку може да се нарача преку интернет, но „OnePlus“ во Њујорк и другите градови отвори привремени продавници за старт на продажбата на новиот уред.
Стотици луѓе чекале во ред за овој уред во Њујорк, при што минале повеќе од 12 часа чекајќи да започне продажбата, а некои дури и земале годишен одмор тој ден и го минале во ред со останатите љубители на оваа компанија и нејзините телефони.
Извор: B92.net
Поврзани артикли