Технолошкиот магнат Елон Маск им објави војна на медиумите, изјавувајќи дека ќе лансира веб-страница што ќе дозволи јавноста да го оцени кредибилитетот на новинарите, уредниците и публикациите, а истата ќе го носи името „Правда”.
Лут од неодамнешното медиумско покривање за него и неговите компании, Маск објави серија твитови, кулминирајќи со предлогот за новата страница. Јавноста ќе може да ја оцени „основната вистина за која било статија” и да го следи „кредибилитетот со текот на времето” за секој новинар, уредник и објавување, напиша тој на Твитер.
Правда, исто така, беше и името на официјалниот весник на руската (подоцнежна Советска) Комунистичка партија во 20 век.
Дури и ако јавноста не се грижи, рече тој, „ќе се грижат новинарите, уредниците и публицистите. Тоа е како тие се дефинираат себеси.”
На предупредувањата дека ботови и тролови може да го изиграат системот, и дека јавноста не се грижи за вистината, технолошкиот магнат одговорил:
„Имам надеж во народот”.
Сепак, Маск не е прв кој предлага проверка на фактите и ги оценува новинарите и нивниот кредибилитет.
По претседателските избори во 2016 година во САД, Facebook неодамна објави дека ќе ги рангира веб-сајтовите за вести „базирани на доверба во заедницата” и ќе се здружи со контроверзен тинк-тенк за „заштита на изборите” од дезинформации. Минатата година, обидот на поддржувачите на Хилари Клинтон да создадат медиумска платформа за проверка на фактите беше проследен со потсмев.
Анкетата што ја објави Маск на Твитер сугерира дека многу корисници на платформата се согласуваат со него. Досега, 87 отсто од речиси 200.000 гласачи го поддржуваат новиот проект.