Компанијата Samsung подготви поевтина алтернатива на моделот S8 за кинескиот пазар, а тоа е паметниот телефон Galaxy S Light Luxury.
Новиот уред претставува малку послаба верзија на Galaxy S8 кога станува збор за спецификациите, но и понатаму има ист дизајн, физичко Bixby копче и необично поставен сензор за отпечатоци на прсти, кој е сместен покрај камерата.
Galaxy S Light Luxury доби 5,8-инчен FHD+ екран, процесор Snapdragon 660, 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија. Однапред се наоѓа камера од 8 MP, а на задната страна е сместена камера од 16 мегапиксели. Телефонот е отпорен на вода и прашина по стандардот IP68. Го напојува батерија од 3000 mAh со можност за безжично полнење, а поседува и технологија за скенирање на рожницата. Паметниот телефон користи оперативен систем Android Oreo и има Samsung Pay услуга.
Смартфонот е достапен во црна и црвена боја по цена од 628 долари (531 евра). Дали и кога Galaxy S Light Luxury ќе пристигне на останатите пазари засега не е познато.
Извор: Klix.ba