Лондон ја доби титулата најзелен град во Европа благодарение на тоа што 40 отсто од површината е всушност зелена површина, со дури 8 милиони стебла.
Лондон е еден од најразвиените градови во светот и го има најнаселеното урбано подрачје во Европската Унија и второ најголемо во Европа. Спротивно на јавното мислење, овој град има многу зелени површини и паркови кои му даваат посебен изглед. Лондонските паркови се едни од најпознатите туристички локации.
Хајд парк е еден од најпознатите паркови во светот. Во него има 4 000 стебла, големо езеро и разни видови животни. Риџентс парк е со површина од 1,6 километри квадратни, а е направен во 1811 година. Познат е по прекрасните цветни градини и најголемото отворено игралиште во Лондон.
Паркот на свети Јаков е окружен со три кралски палати, а се простира на површина од 23 хектари. Познат е по езерото со пеликани и парадата на кралската коњаница, а во зградата наречена The Mall во текот на годината се одржуваат разни, најчесто кралски, церемонии.