На пазарот во Кина е објавен нов буџетски телефон, под името Honor Play 7, кој пристигнува со импресивна цена од околу 95 долари. Секако, цената надвор од локалниот кинески пазар сигурно ќе биде повисока, но и покрај ова, Honor Play 7 има интересни карактеристики во однос на цената по која се продава.
Најпрвин, тука е 5.45-инчниот FullView IPS панел, со 2.5D закривено стакло, 1440 x 720p резолуција и 18:9 размер на страници. Телефонот го покренува MediaTek MT6739 чипсет, а оперативниот систем е Android 8.1 Oreo со EMUI 8.1 интерфејс. Присутен е 3.5 мм приклучок за оние на кои ова им е битно.
Honor Play 7 пристигнува со 2 GB RAM и 16 GB простор за складирање, проширлив преку microSD картичка. Системот со камери вклучува 13 MP сензор на задната страна (PDAF + LED блиц) и 5 MP селфи камера со LED блиц. Сето ова го напојува батерија од 3020mAh.
Телефонот е необично сличен на моделот Honor 7S, кој недоамна се појави на TENAA листингот, а веројатно уредот ќе има различни ознаки во зависност од пазарите на кои ќе се појавува.