Лажните профили на Instagram зад кои најчесто стојат ботови можат да го зголемат бројот на вашите следбеници на Instagram, но истовремено и да донесат одредени ризици.
Instagram од самиот почеток има проблеми со лажни следбеници, а проблемот со време стана уште поголем. И покрај отстранувањето на милиони такви профили, оваа социјална мрежа и натаму е полна со лажни профили кои можат да ја загрозат онлајн сигурноста на корисниците.
За среќа, поголем дел од лажните профили е лесно да се воочат бидејќи немаат профилна фотографија, не објавуваат фотографии и имаат само неколку следбеници. Меѓутоа, постојат и такви кои е малку потешко да се откријат, посебно во време кога ботовите напредуваа во своите намери да ги измамат социјалните мрежи.
Според New York Times, кој неодамна откри цела индустрија лажни профили на купувачи и компании, овие профили станува се потешко да се воочат и тие се почесто ги користат личните податоци на корисниците на Instagram без нивно знаење. Проблемот дополнително го влошува фактот дела корисниците на Instagram всушност бараат лажни следбеници во намерата да бидат што е можно попопуларни на мрежата. Лажните следбеници е лесно да се купат и одредени компании на заинтересираните корисници им нудат илјадници следбеници, коментари или лајкови.
Компаниите за заштита на податоци тврдат дека лошите ботови чија цел на кражба на лозинки или испраќање на вируси сочинуваат 28,9 проценти од ботовите на Instagram. Доколку вашиот профил е јавен, ризикот од испраќање барања за следење, испраќање пораки и кражби на податоци е зголемен.