Автомат на Coca-Cola им овозможува на купувачите да ги мешаат вкусовите (ВИДЕО)

Компанијата Coca-Cola претстави нов автомат за пијалок под името Coca-Cola Freestyle 9100, кој овозможува поврзување со смартфонот на купувачот, односно со апликацијата Freestyle.

Coca-Cola веќе има апрати со екрани осетливи на допир, кои нудат 200 различни опции на пијалоци. Околу 50.000 Coca-Cola Freestyle апарати сипаат околу 14 милиони пијалоци дневно ширум светот, а сега дојде време за иновација.

Новите апарати Freestyle 9100 му овозможуваат на купувачот со помош на својот смартфон и апликацијата Freestyle, а преку Blootooth, да се спојат со апаратот и да изберат мешавина од пијалоци кои ги сакаат.

Апаратот беше претставен на саемот на Националното здружение на ресторани во Чикаго минатиот викенд, а ширум САД ќе се појави следната година.