За кралската свадба на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл беа посветени 3,4 милиони статуси на Twitter, во период помеѓу два часот после полноќ и 15.30, соопшти социјалната мрежа.
Оваа социјална мрежа, како што пренесува BBC, соопшти дека три моменти од венчавањето за кои имаше најмногу коментари беа говорот на американскиот бискуп Мајкл Брус Кари, кој броеше 40.000 твитови по минута, потоа изведбата на Шек Канех-Мејсон на нумерата “Аве Марија” на виолончело кое имаше 28.000 твитови по минута и прогласувањето на Хари и Меган за венчани кое имаше 27.00 твитови по минута.
Покрај брачната двојка, меѓу луѓето за кои во текот на денот најмногу се пишуваше беа фудбалерот Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, водителката Опра Винфри, покојната принцеза Дајана и сопругата на актерот Џорџ Клуни, адвокатката Амал Клуни.