Huawei P20 Pro неодамна беше подложен на тест на издржливост на YouTube каналот JerryRigEverything. Телефонот помина одлична на тестовите, а следниот чекор беше да се расклопи на делови, за да видиме што се наоѓа во внатрешноста на уредот.
Она што може да се забележи во ова видео е дека батеријата се држи со доста адхезиви, што значи дека самостојното поправање на уредот ќе биде многу тешко и опасно.
Исто така, делува како единствената камера со OIS поддршка е онаа со телефото објектив, иако ова не е потврдено во целост. Видеото исто така ја покажува можноста и постапката за замена на задниот стаклен панел, доколку истиот се оштети.