Еден од помистериозните паметни телефони што се во развој е RED Hydrogen One телефонот. Компанијата RED уште минатото лето започна да прима преднарачки за овој телефон, но потоа се до јануари, како да западна во медиумско невнимание. Сега имаме и нови информации, кои велат дека американските телеком опратори Verizon и AT&T ќе го имаат овој телефон во нивната продажна мрежа.
Веројатно главна карактеристика на телефонот е неговиот дисплеј – 4V, кој е во можност да прикаже холографски 3Д слика без корисникот да користи дополнителна опрема, како што се специјални очила. Уште една интересна можност е на телефонот да се прикачи дополнителна опрема со помош на магнетен пин на задната страна. Достапните информации за спецификациите кажуваат дека телефонот го има постариот Snapdragon 835 процесор, голема батерија со капацитет од 4500mAh, како и USB Type-C конектор за полнење на батеријата.
20
Засега нема точен датум кога ќе биде пуштен во продажба, но и за цената по која ќе биде достапен. Минатата година кога беа достапни преднарачките, цените беа 1195 долари за телефон во алуминиумска изведба, а 1595 долари за титаниумска изведба на RED Hydrogen One.