Објавени сите спецификации на најмоќниот смартфон на HTC

Компанијата HTC следната среда ќе го претстави својот нов најмоќен паметен телефон, со кој се обиде да ги привлече најсложените корисници.

Како и многу пати досега, изненадувањето и исчекувањето на потенцијалните купувачи го „скрши“ Еван Блас, кој на Twitter ги објави спецификациите на моделот HTC U12 Plus.

Голем дел од тоа за овој телефон досега веќе беше познато, на пример ориентацијата на компанијата на само еден модел („Plus“ верзијатa), со голем 6-инчен екран со размер 18:9 и резолуција од 1880 x 1440 пиксели.

Бидејќи станува збор за топ-модел, јасно е дека под „хаубата“ ќе се наоѓа чипсетот Qualcomm Snapdragon 845, ќе има 6 GB RAM и ќе биде достапен во две верзии, со 64 и со 128 GB простор заскладирање на податоци, со отвор за мемориска картичка.

Интересно е дека U12 Plus ќе има четири камери – oд 12 и 16 MP на задната страна, и две од 8 MP на предната страна, а од останатите опции би требало да се спомене и отпорноста на вода и прашина, активната поддршка за виртуелен асистент и оперативниот систем Android Oreo, кој ќе може да се надогради со следниот Android P.

Доколку спецификациите се покажат вистинит, речиси е сигурно дека новиот телефон на HTC ќе биде во рангот со најмоќните телефони претставени оваа година, и дека за неговиот успех кучна работа би можела да биде цената.

Оваа информација Блас не ја откри, па затоа ќе почекаме до следната недела, кога ќе се случи официјалното претставување на телефонот.

Извор: B92.net